1 Матурантот Тони Сали почина на 19 години. Десет години се бореше со државата да добие матичен број. И кај Тони нема многу матичен број, не може да има матичен лекар. Ни социјална помош. Ни сметка во банка. Семејството му било со лошо, па не може да се лекува ни приватно. И – си умре Тони. Како никогаш и да не постоел. Останаа само петките во свидетелствата, оти некому во државата сепак му текнало дека врз основа на Конвенцијата за правата на детето, Тони може да се запише во училиштето иако нема матичен број.
Сè е по закон во оваа држава каде што се креираат матични броеви на непостоечки откриени, се издаваат по неколку лични карти на различни адреси на исти луѓе за собирање на избори, за пари се издаваат криминални фалсификати пасоши на белосветски криминалци, ама ете – баш за Тони, одличниот ученик од Шуто Оризари, како што не успеале.
За Тони сум пишувал вака во мај 2021 година. Пред тоа, две години нашата редакција пишуваше за проблемите на лицата што имаат матични броеви. Конечно, во 2023 година беше донесен закон што ги регистрира и невидентираните. Ама колку тој закон е предвиден со другите државни институции, гледаме големи. А протестите на противниците во ромските средини затоа што им ги одзела сите што не биле регистрирани и ги возеле без довола, одново на површината ја извади темата колку таа ранлива група е оставена сама на себе. И колку лесно се буди расизам.
Сосема е беспредметна расправата дали може да некому да му дозволи да вози без возачка дозвола, па уште и нерегистрирана кола. Не може да биде тема за дебата. Како што не може да се дебатира дали камерите имаат на повеќе места каде што се Македонци, Албанци или странци. Еднаш решија властите да има нешто за општата безбедност во сообраќајот и сега се дебатира дали се прекршени луѓето на тие што ги кршат законите.
Но, во случаите – непостоечки луѓе возат непостоечки коли – а за тоа не се ни расправа. А тоа што една група наши сограѓани почетокот на примената на законот за казни во сообраќајот „Безбеден град“ го предизвикува казната за сиромаштијата, и тоа како е за дискусија.
Море колку пари се потрошени, што европски, што домашни за различни проекти за еманципација на Ромите, неколку други ги имаат сите идеолошки предлози, па Декада на Ромите славеа, па пари без ресор, па едно чудо невладини организации… Ама, невладините се со проекти. Колку пари, толку музика. Џабе, ако има ангажман, тогаш проектот не е статус на државата. Џабе се сите истурени пари за семинари и обуки, ако тие се останати надвор од системот.
Еден од демонстрантите рече: „На нашата држава треба само кога има избори“.
Сега ќе има избори, може да има партии и возачи ќе им дадат да гласаат за нив. И колите ќе им се регистрираат.
А тие што ја добија одлуката за заканите што ги упатуваа до државниот врв за време на протестите нема само да се извинат. Не беше толку одамна кога слушавме во прислушуваните разговори: „Циганите за уши ќе ги влечеме“.
2 Премиерот Х Мицкоски на интервју за јавниот сервис МРТ, зборувајќи за петте тона дрога што ги фатиле во Србија, а влегле преку македонската граница, рече дека тоа било каков резултат на политиката на Владата на СДСМ и ДУИ отиделе голем број на инвеститори во заблуда дека ќе станат милионери ако се отвори бизнис за медицински канабис.
„Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на такви типови недозволени средства, кои се недоволни материи, дрога, марихуана во случаи коишто во близина се наоѓаат во складиштата во Македонија“, рече Мицкоски на телевизија.
Прво, дали премиерот ја компромитираше акцијата на полицијата штом јавно ја најави?
Второ, од каде знае премиерот колку Марихуана ќе биде пронајдена во акција што е војава?
И трето, ако полицијата знаела колку дрога имало во складиштата кај нас, што чекала досега? Првата српската полиција да најде пет тона? Или чекале да бидете во заблуда од СДСМ и ДУИ дека ќе станат милионери ако се произведуваат марихуана, сега дадат каде да продадат, па морале да ја шверцуваат преку границата што сега ја контролираат ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“?
3 Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски рече дека за кратко време успеал да ги стабилизира финансиите на главниот град и најави: „Тргаме во најголемата инвестициска офанзива досега“.
Орце Ѓорѓиевски сигурно не памти каква инвестициска офанзива имало во Скопје по завршувањето на Втората светска војна, кога се правела инфраструктурата на главниот град на новата македонска држава.
Не може да ја памти ни градежната офанзива со инвестиции од сите страни на светот и од цела Југославија по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Ама, белким не го заборавил проектот „Скопје 2014“. Каква офанзива беше тоа што не чинеше 700 милиони евра. Мал инвестициски бум ли беше тоа? Уште ги исплатиме кредитите, уште ги чувствуваме последиците.
Разбирам јас што е пропаганда, ама не е баш толку историско. Пред неколку дена, премиерот Христијан Мицкоски рече дека донесе одлука на Советот на Европа по 26 години да се затвори постмониторинг дијалогот со Македонија е „историски ден, би рекол рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста“. Како може „укиннување постмониторинг“ да биде еднакво историски значајно како прогласување независност на државата, тоа галиба само премиерот знае. Ако се разбираат 99 за разлика од тоа што е тоа „постмониторинг дијалог“, еве – на!
Ова треба вмровци да има намалат малку со занесот дека од нив почнува историја. Па и ние не сме од вчера.
4 Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за „360 степени“ зборувајќи за линеарното покачување на пензиите објаснува: „Од купот поделивме на сите подеднакво“.
Кога американските финансии за градскиот буџет така ќе ти ја објасни финансиската политика на државата основана на „тоа го вети на изборите, така изгласаа изборите“, се прашувам зошто воопшто не водат дебати, се прават протести, се глуми конструктивност во социјалниот дијалог и кога се дискутира на темата за платите, особено на платите во државните и јавичните функционери, исто така, од друга страна. Зошто се лицитираат со проценти, со 10 проценти, за 8 проценти, па оваа година ќе бидат толку, па потоа ќе пораснеле уште толку… Од министер до најмладиот референт за копирање. Буџетот е тој. Еден е купот. Батали процентите. Од купот, на сите подеднакво.
Премиерот Мицкоски на интервју за јавниот сервис рече дека ќе направи „Уставно и законско дејство на коефициентите на платите на функционерите до крајот на мандатот на оваа Влада до 2028 година“.
Ќе ја намалат платата на функционерите до крај на мандатот. А зошто не ја намалат сега? На крајот на мандатот ќе има ли мнозинството во Собранието на повеќе што имате сега?
СДСМ е декор во политичкиот пејсаж, колку да се брои дека сме некоја демократија, дека ете и ние имаме позиција. Па затоа и министерката за финансии и премиерот можат вака бесрамно да не раскажуваат приказни за мали деца.
АУДИО ВЕРЗИЈА – АУДИО ПОДКАСТ