Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) .
Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.
