
– На 11.04.2025 година во 07.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(29) удрило во двајца пешаци – С.М.(64) и едно 8-годишно дете, исто така од Кочани.
Дете и 64-годишна жена прегазени на улица во Кочани.
Притоа во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип, додека малолетното лице се здобило со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.