Од 25 до 27 април 2025 Diamond Residence А Class office кој е дел од проектот Diamond of Skopje ќе стане креативен хаб каде што модата, уметноста и заедницата се судираат, создавајќи нешто поголемо од сезонска колекција – создавајќи движење.Оваа година, FWSK 30 ја прославува индивидуалноста како колективна сила.Ова не е само уште една сезона. Ова е еволуција.Во време на масовна продукција и брзи трендови, FWSK 30 го поставува прашањето: Кој ја дефинира модата денес?Публиката нема да бидат само љубителите на модата – ќе бидат оние што ја чувствуваат како социјален и културен феномен. Оние што знаат дека во модата стилот е личен, но промената е колективна.Повеќе информации и целата програма ќе ја најдете на: https://fashionweekendskopje.mk/wp-content/uploads/2025/03/Programme-FWSK30-powered-by-UNIBank-MK.pdf Модни ревии што раскажуваат приказни, а не само трендови. Public Talk Marathon што го отвора прашањето за одржливост, културна релевантност и улогата на модата во дигиталната ера. Визуелни инсталации и интерактивни изложби на ДЛУМ што ја истражуваат тема на „Community” како форма на самоизразување. Дигитален проект – заедницата учествува во создавањето на „Community Outfits“ преку „mirror fit-check“ со креации од домашни дизајнери.Модата отсекогаш била повеќе од крој и текстура. Таа е културна изјава, средство за комуникација, рефлексија на времето. На јубилејното 30-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank, модата не е само изложена – таа се живее.Стилот е твој. Приказната е заедничка.
Оваа година, под слоганот „Community“, FWSK 30 ја става заедницата во центарот на својата визија. Ова не е модна недела што гледа само кон пистата – ова е модна недела што гледа кон луѓето. Бидејќи што е модата без оние што ја носат, што ѝ даваат значење, што ја претвораат во израз?Fashion Weekend Skopje го помести почетокот на 30. издание за крај на овој месец, од 25 до 27 април, поради трагедијата што го потресе Кочани и целата јавност. Со солидарност и сочувство кон семејствата и заедницата, FWSK е со уште поголема посветеност на вредностите што ги обединуваат луѓето – културата, уметноста и заедништвото.