
Постигна Салах два гола од пенал, но повеќе заслуги за победата на Ливерпул имаше Дарвин Нуњез. Уругваецот кој беше често критикуван сезонава постигна гол за израмнување, меѓутоа и успеа да изнуди пенал во период од само три минути и така обезбеди пресврт за својот тим.
Пофалби Нуњез доби и од Слот.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Фудбалерите на Пари Сен Жермен во вторник на „Енфилд“ ќе играат против Ливерпул во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Го видовте ли натпреварот на Дарвин? Посебно во второто полувреме…Неговата работна етика беше многу добра“, истакна холандскиот стратег.
За Мохамед Салах тоа беше еде нод најслабите натпревари откако е во Ливерпул беше невидлив и ништо не му одеше, а не блескаше премногу Египќанецот и вчера против Саутемптон.
Исто така одигра важна улога и против ПСЖ кога освои дуел со Маркињос и асистираше за Харви Елиот кој го постигна победничкиот гол.
По победата со минимален резултат на домашен терен Ливерпул е поблиску до четвртфиналето, но ПСЖ доминираше во првиот натпревар и со таква игра англискиот гигант тешко би издржал во возвратниот дуел.