
„Што се однесува до Скудетото, треба да продолжиме да сонуваме. Може да речеме дека е невозможно, но доколку верувате доволно, работите може да станат реалност. Знаеме дека Интер и Наполи се два одлични тима, но ќе се бориме до крај“.
Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини е презадоволен по победата над Јувентус од неверојатни 4-0 и тоа среде Торино.
„Ова е фудбал. Јувентус имаше пет победи по ред пред овој меч. За многумина ова беше резултат кој не може ниту да се замисли, но одигравме перфектен натпревар“, вели Гасперини.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Во наредното коло Аталанта го пречекува Интер во Бергамо.