Приказната на групата „Меморија“ од 1983 до денес е прикажана на изложбата „Времеплов, од црно-бело во боја“, што се отвори денеска (22 декември) во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Предбата, одржаниот прес-конференција со стари 14-мина и нови членови, кои ќе бидат на концертот во МКЦ на 25 декември од 20 часот. Секој од нив има носталгична приказна за својата историја во бендот. Најавено е дека на концертот ќе свират 24-ца музичари кои поминале низ култната поп-рок група, а се одржува симболично на местото каде што го создал првиот настап.

„На самиот почеток на „Меморија“ бевме јас, Дејан Миновски, кој сега дојде од Германија и Ристо Ставрев. свадба, па на проба за концертот Не можам да барам минута молчење за некој како него, туку минута аплауз, а за Драган треба да се зборува и да се аплаудира, а не да се молчи“, рече Петар Георгиевски-Камиказа, басистот и лидер на бендот.

Новинарот Антонио Димитриевски, кој беше тапанар во првата постава, се присети дека во еден период имал притисок од домашните да се сметаат на едно нешто: факултетот, новинарството или на музиката и затоа си заминал од бендот. Димитриевски рече дека е среќен што „Меморија“ пак го напишала на свирењето. Дејан Миновски, кој дојде од Германија, рече дека поради маглата на скопскиот аеродром слетал во Тирана и не спие цела ноќ.
„Драган Костиќ ја пушти првата песна во „Диско селектор“, се присети тој.
Во 1986 година, кога се вратив од војската, за првпат пеев на телевизија, со песна од Константин економија, за избор за ТВ-спот на Македонија, кога победи Калиопи со песна од Димитар Масевски. а потоа ме поканија во ‘Меморија’ Во 1988, со другар ми Ицо отидовме кај Перо дома во Карпош 3 и тоа ми е првиот допир со ‘Меморија’“, се присети Апостол Икономов-Поце, вокалот на групата.
Перо Камиказа раскажа како во 1989 се скарале за музичкиот правец на групата, Поце си заминал од бендот, а тој потоа го замолил да се врати на почетокот на 1990-тите.

„Влезе во студио и за седум часа го сними целиот албум без претходно да вежба, ете таков пејач е Поце“, рече Петар Георгиевски-Камиказа.
На прес-конференцијата беа и музичарите Игор Атанасовски-Харе, Давор Јордановски, Мите и Пеце Димовски, Ристо Самарџиев, Александар Стефановски-Јаблан, Валентино Скендеровски и други.
Групата снима нов албум и документарен филм и серија, чиј наратор треба да биде Драган Б. Костиќ.
М. ЏАРОВСКА
Фото: К. Попов
The post МИНУТА АПЛАУЗ МЕСТО МИНУТА МОЛЧЕЊЕ ЗА ДРАГАН Б. КОСТИЌ ПОБАРА ГРУПАТА „МЕМОРИЈА“ НА ИЗЛОЖБАТА ВО МКЦ се појави прв на СМАРТ – СДК МК.