Ги потсетуваме граѓаните доколку забележат пожар, но и други итни ситуации што претставуваат опасност по животот и здравјето како и материјалните и природните добра да пријават на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, велат надлежните. Со зголемувањето на температурите изминативе неколку дена, забележано е и зголемување на бројот на повиците кон ТППЕ, односно зголемен број на противпожарни интервенции.
ЦУК апелира на внимателност при движење на отворен простор, а особено апелираме до сите земјоделци да не ги палат стрништата а сточарите пасиштата.
Само за време на викендов беа забележани 60 пожари на отворен простор, а 9 се сеуште активни (заклучно до недела, 24 часот):
Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 2007 повици. Од нив „реални“ повици биле 1178, а останатите 829 биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни, информираа утрово од Центарот з ауправување со кризи.
Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.
с. Крушевица (Општина Прилеп)
Над село Грушино (Општина Сарај/Желино)
Атарот на с. Лопатица (Општина Прилеп)
Помеѓу с. Растојца и с. Кочиште (Општина Демир Хисар)
с. Сошани – Дебарца (Општина Охрид)
Планината Огражден над с. Сушица, кај м.в. Чардак (Општина Ново Село)
с. Кованец (Општина Гевгелија)
Над село Вешала на Шар Планина (Општина Тетово).
Кон полицијата биле упатени 192, кон итната медицинска помош 77 повици, кон пожарникарите 92, кон АМСМ 1 и кон ЦУК 11 од вкупно примените повици.
Атарот на с. Теово, помеѓу м.в Бегова чешма и м.в Плевење (Општина Чашка)