
Медиумите исто така шпекулираат и со името на Антонио Конте, а како опција се посочува и Роберто Де Зерби.
Се говори дека главен фаворит за наследник на Тијаго Мота е Џан Пјеро Гасперини, човекот кој вчера го понижи Јувентус.
„Старата дама“ синоќа имаше мизерна ноќ на „Алианц Арена“, ја загуби дерби пресметката против Аталанта со 0-4.
Новото разочарување само дополнително го стресе столчето на Тијаго Мота, и онака имаше многу прашалници за иднината на тренерот по елиминацијата во Лигата на шампиони и Купот на Италија.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Ова беше најтешкиот домашен пораз на Јувентус во Серија А во последните 58 години, односно кога загубиле со 0-4 против Торино во октомври 1967.