Барселона со гостинска победа над Виљареал (0-2) ја задржа предноста од четири бода пред Реал Мадрид, но пред мечот пристигнаа лоши вести за Каталонците. Данскиот дефанзивец Андреас Кристенсен заработи повреда на коленото и ќе паузира најмалку четири месеца.
Данецот има истегнати лигаменти на коленото, па одлучи дека нема да оди на операција, но и покрај тоа, ќе мора да паузира до крајот на сезонава. Сепак, поради тешката повреда, Барселона има право да регистрира замена за него и нема да има пречки поради финансискиот ферплеј.
Замената за Кристенсен се очекува да биде добро познато лице на „Камп ноу“. Се очекува тоа да биде Ињиго Мартинес, кој се пресели во Ал-Наср, во Саудиска Арабија, но сега сака што поскоро да се врати во Европа, а негов избор најверојатно ќе биде токму Барселона.