За сега нема информации колку лица се приведени и дали се однесени кај судија на претходна постапка. Ратко Капушевски и Асмир Јахоски се уште се на распит, а се врши и претрес во нивниот дом. Сепак покрај овие три, и други имиња кои се опфатени, станува збор за возачи, но и за екс директорите на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
МВР и Јавното бвинителството за организиран криминал и корупција денеска извршиле претреси на повеќе локации во врска со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет.
Според неофицијални информации приведен е бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ а во истрагата опфатен е и неговиот бизнис партнер Е.С., како и сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски.