Галицискиот регионален фудбал, а и пошироката шпанска јавност се во шок по исклучувањето што се случи викендов на натпреварот помеѓу екипите Седеира и Перлио.
За време на прекин, Седеира требаше да изведе корнер, но судијата, кој беше лошо позициониран, ја запре играта. И покрај ова, домашниот играч се обиде да ја удри топката со глава и случајно се судри со судијата, кој реагираше покажувајќи му директен црвен картон, оставајќи ги сите во неверица.
Во официјалниот извештај, судијата Фернандо Карунчо Паз го наведува следново:
„Во 57-мата минута, играчот Даниел Белас Пересбеше исклучен затоа штоме собори со туркање одзади користејќи прекумерна сила додека топката беше во игра“.
Случајот предизвика многу коментари. Погледнете што се случи и проценете дали црвениот картон е заслужено покажан: