Соединетите држави и Украина, претходно, издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат паузата во размената на разузнавачки информации и ќе продолжат со испраќање воена помош за Украина. Киев, исто така, изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за итен, привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, кој може да се продолжи со заеднички договор на страните, под услов Русија да се согласи и истовремено да го спроведе. Претседателите на Украина и на САД постигнале договор и што поскоро да склучат сеопфатен договор за развој на клучните минерални суровини на Украина. Целта на договорот, како што беше наведено, е да се прошири украинската економија, да се надоместат трошоците за американската помош и да се обезбеди долгорочен просперитет и безбедност на Украина.
„Сакаме да ставиме крај на војната во Украина“, рече Трамп.
Последната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, одржана на 28 февруари, ненадејно заврши по жестока расправија.
Тој најави и дека американската делегација ќе се сретне со руската подоцна денеска или утре, како дел од понатамошните напори за постигнување договор.
Состанокот, првично планиран за потпишување договор за минерали од ретки земји, се претвори во вербален судир кога Трамп го обвини Зеленски за „коцкање со Третата светска војна“ затоа што одбил да направи компромис со Русија. По инцидентот, Трамп ја прекина средбата и ја откажа планираната прес-конференција, додека Зеленски ја напушти Белата куќа без да постигне договор.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја коментираше одлуката на Украина да го прифати предложениот 30-дневен прекин на огнот, потврдувајќи дека ќе го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски назад во Белата куќа.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио рече дека сега топката е на страната на Русија и изрази надеж дека ќе го прифати предлогот за прекин на огнот.