МВР најавуваат дека овие активности ќе продолжат во наредниот период со зголемен интензитет.
– „Ова е јасна порака дека МВР е посветено на искоренување на овие штетни појави во општеството. Уличното дилерство е сериозен проблем кој ги загрозува младите, а нелегалното оружје претставува потенцијална закана за безбедноста на сите граѓани,“ велат полициски извори.
МКД.МК дознава дека акцијата „Чистач“ опфаќа повеќе градови и населени места, при што полицијата се фокусира на разбивање на криминални мрежи чиј таргет се најмлади и ранливи категории граѓани.
Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, спроведува претреси на повеќе локации низ Македонија. Целта е сузбивање на уличното дилерство и нелегалното поседување оружје.