Дискусијата за предлог-буџетот за 2026 година во Големото национално собрание на Турција вчера прерасна во физички судир меѓу пратениците. По вербални напади и остри обвинувања, дебатата ескалираше до туркање и удирање меѓу парламентарците.
Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
End Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
Инцидентот избувна откако пратеникот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Мустафа Варанк, изнесе провокативни изјави насочени кон лидерот на опозициската Републиканска народна партија (CHP), Озгур Озел. Варанк го нападна Озел поради фотографии направени на гробот на поранешниот пратеник Камер Генч, што предизвика бурна реакција од заменик-претседателот на пратеничката група на CHP, Гокхан Гунајдин.
„АКП намерно предизвикува контроверзии за време на расправата за буџетот“, рече Гунајдин, додека расправата прерасна во жестоки обвинувања поврзани со наследството на Мустафа Кемал Ататурк. По дополнителни провокации, напнатоста кулминираше со десетминутна физичка пресметка во пленарната сала, додека обезбедувањето и други пратеници се обидуваа да ги раздвојат учесниците.
Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
End Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
И покрај инцидентот, пратениците продолжија со работата и го усвоија и предлог-законот за буџетот за 2026 година со 320 гласа „за“ и 249 „против“, како и завршната сметка за 2024 година со 316 гласа „за“ и 247 „против“.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган го поздрави усвојувањето на буџетот за 2026 година, истакнувајќи: „Сакам предлог-законот за буџетот на централната држава за 2026 година, кој вечерва беше усвоен во Големото национално собрание на Турција, да биде од корист за нашата земја, нашиот народ и нашата економија“.
Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
End Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph