Собранието на Република Северна Македонија информира дека до законодавниот дом се доставени предлозите од Владата на Република Северна Македонија за избор на министри, информираат од Собранието.
Владата ги предложи:
Муамет Хоџа за министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање,
Беким Сали , за министер кој ќе раководи со Министерството за европски прашања.
Согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка.
За денот на одржувањето на седницата на која ќе бидат разгледани и ставени на гласање, Собранието ќе ја информира јавноста дополнително.