И покрај најавите и обидите за воведување ред во сферата на инфлуенсерскиот маркетинг, интересот за официјална регистрација кај надлежните институции е речиси непостоечки. Во Регистарот на физички лица кои даваат аудиовизуелни медиумски услуги по барање, воспоставен од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), досега се запишало само едно лице.
Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
End Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
Оваа информација беше обелоденета на четвртиот јавен состанок на Агенцијата, на кој директорот Зоран Трајчевски ги презентираше активностите и резултатите за последниот квартал од 2025 година.
Како даватели на АВМУ услуги по барање се третираат инфлуенсерите, влогерите и креаторите на содржини кои остваруваат финансиска корист преку социјалните мрежи. Иако Агенцијата изготви и „Нацрт-Водич за инфлуенсер(к)и и влогер(к)и“ со цел да ги појасни обврските и постапките, тоа очигледно не придонело за поголема подготвеност за регистрација.
Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
End Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
Единствено име во регистарот е инфлуенсерката Ксенија Николовска, која на 1 декември 2025 година пријавила активности на Инстаграм и Фејсбук.
За разлика од инфлуенсерите, кај онлајн медиумите постои поголема свест за законските обврски. Во регистарот на интернет портали во моментов се евидентирани 50 издавачи.
Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
End Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
Покрај ова, АВМУ информираше и за резултатите од мониторингот за време на изборната кампања за Локалните избори 2025. Покренати се пет прекршочни постапки против радиодифузерите ТВ 24 Вести, ТВ Компани 21-М, ТВ Вистел, ТВ Шутел и ТВ Гурра.
Агенцијата најави и дека се подготвува за мониторинг на повторните локални избори во 2026 година во општините Гостивар и Маврово-Ростуше, додека од регистарот на оператори се избришани „Неотел“ и „Инфел-КТВ“.
Ezoic – wp_mid_content – mid_content
End Ezoic – wp_mid_content – mid_content