Кошаркарите на Денвер загубија со минимални 131-130 на гостувањето кај Далас. Домашните имаа неверојатни +21, но Денвер во финишот од третиот период успеа да дојде до израмнување и во последната четвртина да тргне од нула. Сепак, Далас на крајот успеа да слави, иако на стартот од последниот период, гостите беа тие кои имаа водство.
Јокиќ не успеа да дојде до нов трипл-дабл и мечот го заврши со ефект од 29 поени, седум скока и 14 асистенции.
Лос Анџелес Лејкерс доживеа убедлив пораз од 132-108 на гостувањето кај Феникс. „Езерџиите“ беа без Лука Дончиќ на овој меч, кој отсуствуваше поради повреда, а тоа се одрази не само на нивната игра, туку и на резултатот.
Резултати:
Шарлот – Вашингтон 126-109
Филаделфија – Бруклин 106-114
Атланта – Чикаго 123-126
Кливленд – Њу Орлеанс 141-118
Индијана – Милвоки 94-111
Мајами – Торонто 91-112
Далас – Денвер 131-130
Минесота – Њујорк 115-104
Сан Антонио – Оклахома 130-110
Феникс – ЛА Лејкерс 132-108
Јута – Мемфис 128-137
Портланд – Орландо 106-110
Сакраменто – Детроит 127-136
ЛА Клиперс – Хјустон 128-108