Фудбалерите на Арсенал се пласираа во полуфиналето на Лига купот на Англија, откако во драматично четвртфинале го совладаа Кристал Палас со 8-7 во пенал-серија на „Емирати“.
Иако Арсенал покажа надмоќ во поголемиот дел од мечот, на тимот на Микел Артета му требаше време да ја отвори одбраната на Палас, што на крајот се случи по автогол на противникот во 79-тата минута. Првото полувреме донесе апсолутна доминација на Топџиите, но одбраната на Кристал Палас беше цврста и на пауза се замина со резултат 0-0.
Првите шанси за Арсенал ги пропуштија Габриел Мартинели и Нони Мадуеке, а во продолжение и Рикардо Калафори и повторно Мадуеке не успеаја да ја затресат мрежата. Во второто полувреме Габриел Жезус имаше две шанси, но првата заврши покрај голот, а вториот пат шутирaше над гредата.
Водството на Арсенал дојде по несреќен автогол на Лакроа, а Кристал Палас израмни во 95-тата минута со погодок на Марк Гехи, што го однесе мечот во изведување пенали.
Kepa sends Arsenal to the SEMIS! pic.twitter.com/E75kx4iIwZ
— George (@George_Zur) December 23, 2025
Во пенал-серијата, сите беа прецизни до осмата серија. Тогаш Вилијам Салиба беше успешен реализатор на пеналот, а Лакроа не успеа да го совлада Кепа Аризабалага, што ја означи победата на Арсенал и нивниот пат кон двомеч со Челзи во полуфиналето.