1 минута за читање
Македонската фудбалска легенда Васил Рингов почина на 70-годишна возраст на 24 декември 2025 година. Соиграчи, пријатели и поранешни колеги се простуваат од еден од најголемите вардарци во историјата.
Еден од оние кои остави емотивна порака е поранешниот селектор на Македонија и актуелен тренер Чедомир Јаневски, долгогодишен соиграч на Рингов во Вардар.
„Мој пријател и колега Васе, ќе останеш запаметен по добрината и спомените што ги создававме заедно. Често кога бев во Македонија наоѓав време за средба со Рингов и останатите вардарци. Со длабока благодарност и тага се простуваме од него. Сочувство пред се до неговата фамилија, нека почива во мир“ – напиша Јаневски.
Васил Рингов е еден од најтрофејните и најпродуктивните играчи во историјата на Вардар. Во „црвено-црниот“ дрес одигра преку 200 натпревари и постигна 93 голови. Тој беше дел од генерацијата која го врати Вардар на врвот на југословенскиот фудбал.
Во својата богата играчка кариера, Рингов настапуваше за Партизан (Белград), Тетекс (Тетово), Вардар (Скопје), Динамо Загреб и германскиот Ајнтрахт Брауншвајг.