
Во актуелната сезона Салах на 29 натпревари во Премиер лигата постигна 27 голови и подели 17 асистенции.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Зад себе првата ѕвезда на лидерот во Премиер лигата има месец во кој на шест натпревари постигна шест голови и подели четири асистенции. Исто така во натпреварот против Манчестер сити стана првиот фудбалер од Премиер лигата кој имал гол и асистенција против актуелниот шампион.
Ѕвездата на Ливерпул, Мохамд Салах и Дејвид Мојс кој работи одлично по враќањето во Евертон ги собраа наградите за најдобри во Премиер лигата за изминатиот месец.
Салах ова признание го освојува по седми пат во својата кариера и така се израмни со Хари Кејн и Серхио Агуеро.