Како што соопштија студентите на ЕТФ во блокадата, се решиле на овој чекор за да спречат евентуално насилство. Учениците кои синоќа од разни правци во Белград пристигнаа со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани на Теразије. Се проценува дека имало околу 31.000 граѓани.
Во Белград денеска попладне се очекува голем протест, наречен „15 за 15“ предводен од судентите во блокада, а кој првично беше планиран да се одржи пред Народното собрание во Белград. Но, студентите ја сменија локацијата и тој ќе се одржи на плоштадот Славија.