
„Росонерите“ презедоа целосна контрола и заслужено стигнаа до пресврт откако Абрахам го проигра Тијани Реијндерс, а овој погоди за 2-1 во 75. минута.
Деби во калчото за заборав имаше подзаборавениот Деле Али. Англичанецот влезе во игра во 81. минута, а само десет подоцна доби директен црвен картон бидејќи го згазна одзади Лофтус Чик.
Уште на полувремето Серџо Консеисао менуваше, ги пушти Фофана и Хименез наместо Бондо и Хернандез. Следеше поништен гол за Комо, поточно на Да Куња кој беше во милиметарски офсајд, а веднаш дојде казната. Во 53. минута перфектна асистенција даде Реијндерс, а Кристијан Пулишиќ погоди за 1-1.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Средбата на „Сан Сиро“ тргна без премногу возбудувања, Милан не успеваше да се наметне и Комо играше целосно рамноправно, можеби дури и подобро. Тоа момците на Цеск Фабрегас го искористија во 33. минута и поведоа со голот на Да Куња (0-1).