Пет мажи од Тетово силувале 15-годишно девојче, од мај 2023 година до крајот на 2024 година.
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР, конкретно Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска поднесе кривична пријава против 5 лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) – за кривично дело Трговија со дете (член 418-г ст.1 и ст.2 од Кривичниот законик), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело – Трговија со дете (член 418-г ст.3 од КЗ) и против лицето – Р.М.(31) за кривично дело Полов напад и силување (член 186 , ст.1 и ст.2).

Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда детето жртва, тогаш на 15 годишна возраст, дека ќе почнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење опојни дроги и на сексуална експлоатација.Притоа, со цел стекнување на противправна имотна корист Ф.М., по претходен договор со пријавените И.Д., А.С. и Л.С. како и со инволвирање на други непознати лица, овозможил вршење на полови дејствија врз детето жртва од нивна страна, на повеќе локации на подрачје на Тетово.
Петопријавениот Р.М. по претходен договор со Ф.М., како лице задолжено за безбедноста на детето, ја искористил неговата улога и присилно, спротивно на волјата на детето извршил полов однос врз детето.
Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на четири локации на подрачјето на Тетово извршени се претреси во дом и други простории при што се пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати, СИМ картички и лишени се од слобода кривично пријавените 5 лица, соопшти полицијата.
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против овие пет лица.
„Првоосомничениот ја злоупотребил положбата на љубовен партнер и користејќи различни форми на принуда ѝ овозможил на жртвата да консумира психотропни супстанции, со што ја доведувал во состојба на физичка или ментална неспособност, воспоставувајќи контрола врз неа. Лишувајќи ја од способност самостојно да донесува одлуки го вовлекол детето-жртва во состојба на сексуална експлоатација. Заради остварување имотна корист, ја подведувал жртвата да дава сексуални услуги, а на останатите осомничени и други неидентификувани лица им овозможил да користат сексуални услуги од детето-жртва, кои иако знаеле и биле должни и можеле да знаат дека е жртва на трговија со луѓе, сепак ги користеле сексуалните услуги и му плаќале на осомничениот директно или преку детето-жртва“, соопшти ОЈО ГОКК.
Ценејќи ги околностите, јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите за определување на мерка притвор и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи истата да им ја определи на сите петмина осомничени.
The post Грозоморен случај во Тетово – Петмина мажи силувале 15-годишно девојче повеќе од една година appeared first on NetPress.