Населението на Албанија се намалува со многу повисоки стапки, речиси два до трипати повеќе отколку во другите земји во регионот, според ажурираните податоци од Еurostat за населението на земјите кандидати за членство во Европската унија.
Во 2025 година, официјалното население на Албанија броело 2.363.314 жители, со намалување од околу 27.628 луѓе во рок од една година, додека со релативни термини намалувањето изнесувало 1,2 отсто, што е највисока стапка во регионот.
Според податоците на Евростат, намалувањето на населението во Македонија 0,2 отсто, во Босна и Херцеговина е 0,3 , во Србија 0,6 и во Црна Гора 0,1 отсто.
Во другите четири земји-кандидатки од Западен Балкан, населението се намалило во просек за 0,3 отсто, додека во Албанија се намалило за речиси четирипати повеќе, за 1,1 отсто.