„Русија мора да ја покаже својата волја да поддржи прекин на огнот што ќе доведе до праведен и траен мир“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку објава на „Х“. По Самитот на околу 25 лидери кои утринава учествуваа на видео-конференцијата за Украина и која ја свика британскиот премиер Кир Стармер, Урсула фон дер Лајен пишува во „Х“:
„Ја повторуваме нашата поддршка за договорот за прекин на огнот во Украина. „Сега Русија мора да ја покаже својата волја да поддржи прекин на огнот што ќе доведе до праведен и траен мир“, нагласи Фон дер Лајен, додавајќи дека ќе продолжи зајакнувањето на украинските вооружени сили, како и напорите на Европа во одбраната, преку планот „Превооружување на Европа“ и зголемените трошоци за одбраната.
.