
Вистински дебакл доживеа Лацио на гостувањето на „Ренато Далара“ во Болоња, бидејќи загуби со 5-0 (1-0). Домашниот тим поведе во првиот дел преку Одгард, а потоа во вториот дел уште четири пати се тресеше мрежата на гостите. За Болоња погодуваа Орсолини, Ндоје, Кастро и Фабиан.
Еден од главните кандидати за скудетото Наполи киксна во 29. коло на Серија А и одигра натпревар без голови во Венеција (0-0).