Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските превои Стража-Маврово и Крушево, информира диспечерскиот центар на Јавното претпријатие П „Македонијапат“.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
The post Магла на превоите Стража-Маврово и Крушево appeared first on NetPress.