
Актуелниот договор на Ван Дајк со Ливерпул истекува по крајот на оваа сезона, па голема е веројатноста дека ќе го напушти Енфилд.
ПСЖ испратил голема понуда за Вирџил Ван Дајк кој на лето може да се пресели во францускиот клуб како слободен играч.
Неколку дена подоцна доаѓаат информациите дека ПСЖ му доставиле понуда на Ван Дајк од 50 милиони евра за две сезони. Тоа е сума која Ливерпул тешко дека ќе може да му ја понуди.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Ван Дајк негираше дека станувало збор за трансфер разговори, но речиси и никој не му поверува бидејќи неговата ситуација со договорот е таква што му дава слобода да разговара со други клубови.