Во падот на хеликоптер на планината Килиманџаро во Танзанија, во која при што загинаа пет лица, соопштија во четвртокот властите за цивилно воздухопловство, додека локалните медиуми објавија дека леталото било на мисија за медицинско спасување.
Водич и лекар, двајцата од Танзанија, пилот од Зимбабве и двајца туристи од Чешка загинаа, соопштија Националните паркови на Танзанија.
Хеликоптерот се урна во близина на кампот Барафу на планината во среда, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Танзанија.
Весникот Mwananchi и телевизијата East Africa објавија дека хеликоптерот бил на мисија за медицинско спасување, повикувајќи се на началникот на регионалната полиција на Килиманџаро.
Килиманџаро, највисокиот врв во Африка, е на речиси 6.000 метри надморска височина. Несреќата се случила на надморска височина од околу 4.700 метри, објави Мвананчи.
Околу 50.000 туристи се искачуваат на Килиманџаро секоја година.
The post Двајца Чеси меѓу петте загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија appeared first on NetPress.