
Легендите на Црвена звезда и Вардар синоќа предложија да се одигра хуманитарен натпревар и приходите од овој меч да бидат наменети за семејствата на жртвите од големата трагедија во Кочани.
„Сите во Црвена звезда се длабоко потресни од трагедијата во Кочани и Македонија. Веднаш стапивме во контакт со нашите легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдовски, со нивна помош стапивме во контакт со раководството на Вардар и договоривме на 16. април да гостуваме во Скопје и да одиграме хуманитарен натпревар“ – вели Звездан Терзиќ.
Тој потоа додаде: „Изразуваме искрено сочувство до сите семејства на жртвите, како и до сите граѓани на Македонија, со надеж дека овој гест ќе покаже колку не погоди оваа трагедија и дека сме обединети во болката и тагата со семејствата и жртвите“.
Ова попладнево го потврди и генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ, кој исто така ја искористи оваа прилика да изрази и сочувство до народот на Македонија.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Двата клуба веднаш најдоа заеднички јазик и договорија на 16. април во Скопје да се организира натпреварот.
„Сите приходи од овој натпревар ќе бидат за семејствата на жртвите од оваа страшна трагедија. Ова е најмалку што Црвена звезда може да направи за нашата братска Македонија во овие тешки моменти “.