Ден на жалост денеска е и во Федерацијата Босна и Херцеговина, а во текот на вчерашниот ден и во Црна Гора.Жељазков додаде дека трагедијата ги надминува секојдневните политички и општествени разлики. – Во вакви тешки моменти, човечките чувства и солидарност доаѓаат до израз. Верувам дека нашите народи ќе ги остават настрана дневните предизвици и ќе бидат единствени во овој ден, изјави вчера премиерот на Бугарија.
Српската Влада, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, го прогласи 18 март за ден на жалост. Во Србија на лекување се испратени и дел од поврдените во Кочани. Нив вчера ги посети претседателот Вучиќ, кој кажа дека во здравствените установи во Србија ќе бидат згрижени вкупно 29 повредени лица.
Во знак на сочувство за настраданите во пожарот во Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица, а над 150 се повредени и хоспитализирани, денеска ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Хрцеговина, а вчера и Црна Гора.
Во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.
И бугарската Влада на вонредна седница донесе одлука денеска да биде ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија. Премиерот Росен Жељазков изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во Софија, Пловдив и Варна. Искажа подготвеност за прием и на други повредени доколку има потреба.