Националниот сервис на Црна Гора ја пофали македонската Влада за брзата, правовремена и посветена реакција по големата трагедија во Кочани, во дискотеката Пулс, каде изгореа 59 лица, а повеќе од 160 се повредени.Велат дека додека во други земји јавноста се соочува со фрустрации поради бавноста на институциите, Македонија покажа како треба да функционира еден одговорен систем.
Инаку, и Црна Гора прогласи Ден на жалост по големата трагедија.
– Посебно внимание заслужува брзината на спсаувачките тимови па медицинските екипи стигнале на местото на несреќата со рекордна брзина, а државните болници обезбедија итна и најквалитетна нега за повредените, објавува РТЦГ.
– Со брза реакција, со јасен и одлучен став дека нема да има толеранција за неодговорност и подготвеност веднаш да се преземат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните, објавува РТЦГ.
Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали.
За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата на Македонија, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.