
Денеска во Барселона му биле направени тестови на Касадо кои покажале дека ќе мора да помине одреден период надвор од терените.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„Утрово направивме дополнителни тестови на нашиот првотимец, Марк Касадо и тие потврдија делумно кинење на лигаментите на десното колено. Тој во наредниот период ќе продолжи со козервативен третман и би требало да биде надвор од терените околу два месеци“, стои во соопштението.
Во досегашниот дел од сезоната Касадо одигра 37 натпревари, па така Флик сега ќе мора да побара ново решение. Повредата младиот фудбалер ја заработи во натпреварот против Атлетико Мадрид.