
„Се надевам дека ќе ја освојам „Златната топка“ пред 2029 година“ – вели младата ѕвезда на Барселона.
„Што се однесува до втората прогноза на вештачката интелигенција, таа не е точна, тоа нема да се случи“.
Запрашан на кој трофеј сака да се радува оваа сезона, младото момче рече: „Мислам дека во моментов секој навивач на Барселона сонува за Лигата на шампиони. Но нашата цел е тројната круна. Е сега, ако јас треба да одбирам, ќе речам Лигата на шампиони“.
„Кого го посакувам како ривал во финале? Најважно е Барса да игра во финале, не ме интересира многу со кого ќе играме. Но ако веќе треба да одберам, нека биде Реал Мадрид, така финалето ќе биде специјално“.
На почетокот од овој месец, вештачката интелигенција прогнозираше дека 17 годишниот Ламин Јамал три пати ќе ја подигне престижната „Златна топка“, првиот пат во 2029 година, вториот пат во 2035 година, и третиот пат во 2037 година.
„Тоа ќе значи дека сум ја освоил Лигата на шампиони со Барселона и Светското првенство со Шпанија, моите два најголеми сонови“.
Прогнозата е спорна поради тоа што втората и третата „Златна топка“, Ламин Јамал треба да ја подигне во дресот на лутиот ривал Реал Мадрид.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>