На денешната спортска сцена, пред новогодишно, активни остануваат сако кошаркарите и кошаркарките. Денеска и утре ќе се играат дуели во првата рунда од Купот на Македонија во двете конкуренции.
Во машката на програмата се натпреварите од осминафиналето, кое веќе го минаа кошаркарите на Куманово со победата над Ангели. Денеска во СЦ „Кале“ ќе се игра вториот натпревар, а во него Работнички ќе биде домаќин на кавадаречки Тиквеш. Победникот од овој натпревар во четвртфиналето ќе игра против шампионот и бранител на куп трофејот МЗТ Скопје Аеродром. Овој натпревар ќе започне од 16.30 часот, а од 19 часот на истиот терен ќе се игра и првиот четвртфинален натпревар кај дамите. Актуелниот шампион Баскет кам важи за голем фаворит во дуелот со Спорт тим.
Останатите натпревари на програмата се утре, а сите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
КОШАРКАРСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА (2025/2026)
(MAЖИ) – ОСМИНАФИНАЛЕ
петок
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 16.30 часот
Сабота
МАЏАРИ – ГОСТИВАР 15.00 часот
ЧАИР – ФЕНИКС 19.00 часот
среда
КУМАНОВО – АНГЕЛИ 95-65
(ЖЕНИ) ЧЕТВРТФИНАЛЕ
петок
(2) БАСКЕТ КАМ – СПОРТ ТИМ 19.00 часот
сабота
(4) БАДЕЛ 1862 – ПРОБАСКЕТ 12.00 часот
(1) КРИВА ПАЛАНКА – ПАТРИОТ 14.00 часот
(3) ВАРДАР – МЗТ БЕЛА ВОДА 18.30 часот