Африканскиот куп на нациите носи уникатно искуство поради фолклорот што ги придружува натпреварите и носи приказни што не постојат никаде на друго место. Една таква е поврзана со Денис Омеди.
Денис Омеди (31) стана една од ѕвездите на мечевите од првото коло во Африканскиот куп на нациите досега, кој се одржува во Мароко. Тој е репрезентативец на Уганда, кој го постигна единствениот гол за оваа репрезентација во првото коло и дуелот против Тунис.
Тунис ја оправда фаворитската улога и ја победи Уганда со резултат од 3:1, а единствениот гол го постигна Денис Омеди. Ништо не би било чудно во ова да не беше човек кој работи како затворски чувар.
Како што објавија африканските медиуми, тој не е само репрезентативец, туку и активен затворски чувар кој успешно го балансира животот во униформа со барањата на активниот фудбал.
Denis Omedi was a part-timer footballer and persuing a diploma in nursing back in 2019 and then became a prison warder.
Six years later, aged 31, he scored on his AFCON debut for @UgandaCranes 🇺🇬👏#TotalEnergiesAFCON2025 pic.twitter.com/jNQ834MwUe
— Lorenz Köhler (@Lorenz_KO) December 23, 2025
Не толку одамна, пред шест години, Омеди бил аматерски фудбалер и во тој период студирал медицина.Како и многу африкански играчи, кои не успеваат да стигнат до фудбалските желби кои ги имаат, Омеди морал да најде рамнотежа помеѓу амбицијата и реалноста.
Дури и кога се вработил во Затворската служба на Уганда, не се откажал од фудбалот. Тогаш се случила голема промена бидејќи неговата кариера тргнала напред.
Морал да го балансира тренингот со работниот распоред, а не можел ниту да игра на сите натпревари.
Сега Омеди е дел од репрезентацијата на Уганда, а во својот прв настап на Африканскиот куп на нациите го постигна и првиот гол на најголемото континентално натпреварување.