На 29 декември од 19 часот во малата сала на Филхармонијата ќе се одржи концертот „Виртуози на хорна“. Концертот е последен настан за 2025 кој се одржува во рамките на Скопскиот брас фестивал.
На концертот, покрај домашниот Благоја Василевски, ќе настапат хорнисти од: Михајло Булајиќ кој е прва хорна во Лондонскиот симфониски оркестар и Оркестарот на РТВ Словенија (фото), Никола Чир, прва хора во Белградската професорска филхармонија, Илир Кодим, прва хорна во Лондон. и Милан Роксандиќ, хорнист во Театарот од Нови Сад.
На програмата ќе има познати класични композиции како Унгарска распсодија бр. 5 од Јоханес Брамс, Радецки Марш од Јохан Штраус, но и божиќни песни аранжирани за ансамбл хорни.
„Овој настан е значаен пример за соработка и културна размена, носејќи врвна уметничка изведба и времен пристап кон камерната музика за хорни. Влезот на концертот е слободен.
The post „ВИРТУОЗИ НА ХОРНА“, КОНЦЕРТ НА ХОРНИСТИ ОД МАКЕДОНИЈА И ОД РЕГИОНОТ НА 29 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ се појави прв на СМАРТ – СДК МК.