Во Турција и вечерва продолжуваат масовните протести. Претседателот Реџеп Таип Ердоган се огласи со изјава дека „Турција нема да се поклони пред уличниот терор“, истакнувајќи дека демонстрациите, организирани по повик на опозицијата, ќе завршат без резултат и ќе водат во ќорсокак.
Во меѓувреме, Озгур Озел, лидерот на најголемата опозициска партија – Републиканската народна партија (ЏХП), чиј член е и актуелниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, повика граѓаните на масовно излегување на улиците.