
„Ме радува тоа што Елмас, Барди и останатите конечно играат повеќе, но тие и онака секогаш го даваа максимумот кога играа за репрезентацијата, па и кога немаа минутажа во клубовите. Верувам дека сега ќе биде само подобро“.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски го има склопено стартниот состав за пресметката против Лихтенштајн и вели дека мора да го дадеме максимумот за да ги освоиме трите бода во Вадуц.
Во пресрет на натпреварот, селекторот на Македонија се појави пред новинарите, а првите прашања беа за огромната трагедија во Кочани која одзеде 59 животи.
Што се однесува за пресметката во Вадуц, тој вели: „Дојдени сме да ја продолжиме победничката серија и тоа можеме да го направиме со нашето најдобро издание“.
„Тешко ми е да зборувам за тоа што се случи. Уште еднаш сакам да испратам сочувство до настраданите. Замолувам да се фокусираме на фудбалските прашања, навистина ми е тешко да зборувам за било што друго освен за фудбал“ – рече Благоја Милевски.
„Црвено-жолтите“ утре ги почнуваат квалификациите за Светското првенство во 2026, прв предизвик за момците на Благоја Милевски е Лихтенштајн.