СВР Штип соопшти дека вчеравечер од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен С.А.(54) од Делчево.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во привaтна фирма во Делчево.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип – ОВР Делчево.