Екипата на Работнички ќе игра во четвртфиналето на националниот Куп откако вечерва, на свој терен, беше подобра од кавадаречки Тиквеш со 92:73.
Имаа одлични, последни десет минути домашните кошаркари во кои го скршија отпорот на противникот Со тоа кошаркарите на Работнички се изборија за пласман на завршниот турнир. Таму за противник ќе го имаат ,,лутиот” ривал и актуелен бранител на Купот трофејот МЗТ Скопје Аеродром.
Покрај дуелот на вечните ривали, досега е познат само уште еден пар за четвртфиналето. Тоа ќе биде ,,пресметката” меѓу Пелистер и МКК Куманово.
Останатите два пара за четвртфиналето ќе ги дознаеме утре по одигрувањето на дуелите Маџари – Гостивар и Чаир – Феникс. Исходите од овие натпревари ги чекаат екипите на ТФТ и Кожув.