Портпаролката на Белата куќа, Каролajн Ливит, во петокот изјави дека го очекува своето второ дете, девојче кое треба да се роди во мај.

Дваесет иосумгодишната Ливит ја објави својата бременост на Instagram, покажувајќи го својот стомак на празнична фотографија покрај елка. Асистентката на американскиот претседател Доналд Трамп е најмладата личност којашто ја извршувала должност портпаролка на Белата куќа.
„Мојот сопруг и јас сме возбудени што го прошируваме нашето семејство и одвај чекаме да го видиме нашиот син како станува постар брат. Исто така, исклучително сум му благодарна на претседателот Трамп и на нашата шефица на кабинетот, Сузи Вајлс, за нивната поддршка и охрабрување на про-семејната атмосфера во Белата куќа“, напиша Ливит.