– Неколку истрели ме разбудија од спиење, а веднаш потоа се слушна детски плач и лелекање. Прво помислив дека е некоја детска шега со петарди, но за кратко време ги слушнав сирените на полицијата и на Брзата помош. Кога излегов во дворот, сфатив дека мојот прв комшија е убиен, а неговиот син е повреден во раката и однесен во болница, вели сосед за Плусинфо.Телото на сопственикот на куќата лежело неподвижно и безживотно на скалите, во локва крв. Убиецот се забарикадирал во една од собите, не дозволувајќи ѝ на полицијата да пристапи, а потоа си пукал и се самоубил.
Нови детали за хоророт кој утрово се одвивал во скопското село Волково. Кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот, дознава Плусинфо.
Од МВР најавуваат повеќе детали за подоцна.
Засега нема официјални информации за мотивот на убиството.