„Не ни е до песна, не ни е до сцена, не ни е до светло, не ни е до микрофон. Ова што се случи… ја скина душата на цела нација. Нè боли. Нè дави. И не можеме да се правиме дека не е така. Ќе дојде време за музика, за глас, за сила. Ама сега – само молк. И почит“, напишаа тие на социјалните мрежи.Во ова време на тага, единствениот вистински збор е – тишината.

Некои моменти го запираат времето, го згаснуваат звукот, го сечат воздухот. Трагедијата што ја потресе Македонија, кога 59 млади животи згаснаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остави рана која нема брзо да заздрави. Во вакви денови, музиката молчи. Сцената останува празна, светлата се затемнуваат, а микрофоните остануваат неми.Марко Маринковиќ – Слаткар и Тони Зен, заедно со Прагма продукција, донесоа одлука концертот кој беше планиран за 5 април да се презакаже за 11 октомври во „Борис Трајковски“.