
Иако досега сме го препознавале по енергични настапи и моќни рок изведби, овојпат Александар покажува една поинаква, посензитивна страна од својата уметничка душа. Веднаш по објавувањето, песната беше наречена „најемотивната балада во последно време“, а неговиот вокал некои дури го споредија со Саша Ковачевиќ.Песната доби и впечатливо видео, снимено во неговиот роден Охрид, под режија на Кристијан Љушев и продукција на „Шпанец продукција“. Покрај Александар, во спотот се појавуваат моделот Ивона Јованова и познатата македонска мисица, модел и ТВ-водителка Вера Мештеровиќ, кои внесуваат дополнителна динамика и визуелна приказна во оваа емоционална музичка творба.„Твој сам промашај“ е насловот на неговата нова песна, исполнета со длабоки емоции и искрени стихови. Музиката е дело на самиот Александар, додека текстот, кој зборува за љубовна загуба и неизвесност, го напиша неговата мајка, Елизабета Јосифовска Недановска.Погледнете го видеото и препуштете се на магијата на „Твој сам промашај“ – песна што ќе ја почувствувате длабоко во срцето!Александар Јосифовски, еден од најпрепознатливите рок гласови од „Ѕвездите на Гранд“, уште еднаш докажа дека музиката е неговата најсилна емоција. Овојпат, тој ја изненади публиката со нежна и продорна балада, оставајќи ги сите без здив.