
Управата за заштита на податоците на Обединетото Кралство (ICO) застана на страната на О’Керол, наведувајќи во соопштението дека „луѓето имаат право да се спротивстават на употребата на нивните лични податоци за директен маркетинг и можат да поднесат жалба доколку сметаат дека организацијата не го исполнува нивното барање да престане да ги обработува нивните податоци“.
„Meta“ рече дека „фундаментално“ не се согласува со тврдењата на О’Керол, но дека ќе ја разгледа опцијата за претплата за да избегне слични приговори во иднина.
Малку е веројатно дека „Meta“ ќе понуди претплата без реклами во САД или во други делови на светот. Според извештајот на „Bloomberg“ од 2023-та година, таквата претплата би требало да чини околу 240 долари годишно за да се надомести изгубениот приход од рекламирање. „Bloomberg“ проценува дека „Meta“ заработува околу 220 долари годишно по корисник во САД и Канада преку продажба на реклами.
На социјалната мрежа „X“, О’Керол рече: „Верувам дека ова е победа не само за мене, туку и за секој граѓанин на ОК и ЕУ, бидејќи го отвора патот за користење на правото на приговор за да се спротивстави на рекламирањето базирано на надзор на интернет“.
Претплата како одговор на регулаторните притисоци
Добивајте вести на Viber
Други технолошки гиганти, како „TikTok“, исто така ја разгледаа идејата за воведување модел на претплата без реклами во последниве години. Сепак, истражувањата покажуваат дека огромното мнозинство на корисници сè уште се подготвени да толерираат реклами доколку тоа значи бесплатна употреба. Истражувањето на „PrivacyHQ“ од 2021-ва година покажа дека само 27,1% од корисниците би биле подготвени да платат за искуство без реклами.
Компанијата не објави точна временска рамка за воведување на оваа нова услуга, но најави дека „во догледно време ќе сподели дополнителни информации“, пренесува британскиот весник „The Guardian“.
Компанијата веќе воведе услуга без реклами во Европската унија во октомври 2023-та година, по пресудата на Европскиот суд на правдата. Оваа услуга чини околу 10,50 долари месечно за десктоп корисници, додека претплатата на уредите со „Android“ или „iOS“ е за неколку долари поскапа.
Причината за оваа одлука е тужбата од 2022-ра година поднесена од Тања О’Керол, постар соработник во „Foxglove Legal“, организација која се фокусира на одговорноста на технолошките компании, човековите права и социјалната правда. Таа тврдеше дека „Meta“ ги прекршил прописите за заштита на податоците во Обединетото Кралство со тоа што не го почитувала нејзиното право да побара од „Facebook“ да престане да собира и обработува нејзини податоци со цел персонализирано рекламирање.