Роберт Левандовски влезе во последните шест месеци од неговиот договор со Барселона и останува неизвесно дали и каде ќе ја продолжи кариерата. Во игра неколку опции, да остане во Каталонија, да се пензионира или да направи трансфер.
Сепак, полскиот репрезентативец откри до сега непознати детали од случувањата во каталонскиот табор, кои ги изненадија навивачите. Левандовски откри дека поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандес, сакал да го продаде, а во Каталонија останал само поради Ханси Флик.
„Да, тоа го дознав дополнителни и тоа не само мене, туку уште неколку фудбалери. Ваквите работи ги земам со резерва, бидејќи во спротивно би полудел од многу информации, но ова се покажа дека е точно.“ – рече Левандовски.
Полскиот репрезентативец иако може да ја напушти Барселона, сепак амбициозно очекува дека оваа сезона ќе ги освојат сите трофеи.
„Екипата напредуваше. Ситуацијата е стабилна и затоа сме ефикасни. Јас лично сакам се. Сакам да се пласирам на Светското првенство со Полска, сакам да ја освојам Лигата на шампионите и Ла Лига.“ – амбициозно одговори Левандовски.