Македонското чудо од дете уште еднаш ја воодушеви јавноста со својот извонреден успех на меѓународната сцена. Мaлиот гениј, Македон Димитровскиосвои златен медал на Германската математичка олимпијада, натпревар на кој учествуваат најдобрите млади математичари од повеќе земји.
Со овој извонреден резултат, малиотМакедонсе квалификуваше за супер финалето, кое ќе се одржи вомај месец во Франкфурт.

„Македон постигна исклучителен успех освојувајќи златен медал на Германската математичка олимпијада успехот е уште поголем заради тоа што е обезбеден со максимален број на бодови. Со овој резултат тој обезбеди пласман на суперфиналето во Франкфурт, кое ќе се одржи во мај 2026. Овој успех е доказ за неговата посветеност, знаење и талент. Добивме најубав поклон за Нова година ти благодарамe“, гласеше објавата на Фејсбук на таткото на Македон, кој ја сподели радоста.
