Тој денеска се огласи на Фејсбук и напиша потресен статус за трагедијата која однесе 59 животи и зави многу семејства во црно.Дарко Стојанов, првиот пациент од пожарот во Кочани кој се лекуваше во странство, вчера пристигна во Македонија, во добра и стабилна состојба.
Посакувам што побрзо закрепнуваење на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.
Дарко вчера беше пречекан од министрите за здравство и за надворешни работи, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски.
ГУШНЕТЕ ГИ НАЈБЛИСКИТЕ, ФАМИЛИЈАТА, ПРИЈАТЕЛИТЕ. КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА ГИ САКАТЕ. НИКОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗНАЕТЕ КОГА Е ТОА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ!, напиша Дарко.
